Hoyo Home
Privacy Policy
Политика на Приватност
-
Општи податоци и податоци за операторот кој обработува лични податоци
Почитуван потрошувач,Те замолуваме внимателно да ја прочиташ Политиката за приватност пред да почнеш со купување. Во процесот на купување на интернет платформата на Хојо Тек,согласен си со Политиката за приватност и потврдуваш дека си ги прочитал и разбрал условите под кои ги обработуваме твоите лични податоци и со тоа дека ја прифаќаш оваа Политика на приватност.
Хојо Тек, ДОО Струга, компанија организирана и постоечка според законите на Република Северна Македонија, со ЕМБС 7296665, и седиште на ул. 15-ти Корпус бр. 28,Струга, со и-маил адреса support@hoyo.mk во ( натамошниот текст Хојо Тек, Друштвото, платформата или Ние), ја почитува и заштитува физичката приватност на секое лице(корисници на платформата, потенцијални корисници, претставници на продавачи или други лица(во натамошниот текст-Лице) лични податоци ги собира и обработува( во натамошниот текст – Лични податоци).Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци Хојо Тек го врши во согласност со Законот за заштита на личните податоци(Службен весник на РСМ,бр.42/20 и 294/21),во натамошниот текст- Закон.
Бидејќи сме свесни дека приватноста е важна за тебе и со цел да ја заштитиме приватноста на лицето чии лични податоци ги собираме, ја усвоивме и објавивме оваа Политика на приватност, која дефинира кои лични податоци ги собираме, на кој начин, за каква цел ние ги обработуваме, како го заштитуваме, колку долго ги чуваме и конечно кои се твоите права во однос на твоите лични податоци. Во овој поглед, Политиката на приватност ги опишува нашите практики во врска со собирањето на лични податоци, без разлика дали ги собираме преку твојата писмена или усна комуникција со нас или од други извори. Во секој случај доколку имаш прашања или сомнежи, слободно контакриј не во секое време на нашиот меил.
Ви благодариме на довербата!
-
Основни поими и Лични податоци обработени од Хојо Тек
Личен податок, е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое не може да се идентификува(субјект на лични податоци),а физичко лице кое може да се идентификува и лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно,посебно врз основа на идентификатор како што се- име и презиме,матичен број на граѓанинот,податоци за локација,идентификатор преку интернет или врз основа на едно или повеќе обележја,специфични за неговиот физички,физиолошки,генетски,ментален,економски,кутурен или социјален идентитет на тоа физичко лице.
Обработка на личните податоци- е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци или група на лични податоци автоматски или на друг начин,како што се- собирање,евидентирање,организирање,структиурирање,чување,приспособување или промена,повлекување,консултирање,увид,употреба,откривање преку пренесување,објавување или на друг начин правење достапни,усогласување или комбинирање,ограничување,бришење или уништување.
Контролор- е физичко или правно лице,орган на државната власт,државен органи или правн о лице основано од државата за вршење на јавни овластувања,агенција или друго тело кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдено со закон,со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
Обработувач на збирка на лични податоци-е физичко лице или правно лице орган на државната власт ,државен органи или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања,агенција или друго тело кое ги обаботува личните податоци во име на контролорот.
Корисник- е физичко или правно лице,орган на државната власт,државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања,агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа,органите на државната власт и државните органи на кои им се отркриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон,не се сметаат за корисници при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечите правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
Соглaсност-на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена,конкретна информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните подтоци преку изјава или јасно потврдено дејстиве,со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
Нарушување на безбедност на личните податоци-е секое нарушување на безбедноста ,што доведува до случајно или незаконско уништување,губење,менување,неовластено откривање или пристап до личните податоци кои се пренесуваат,чуваат или на друг начин се обработуваат.
Посебни категории на лични податоци-се лични податоци кои откриваат расно или етничко потеклом ,политички ставови,верски или филозофски убедување или членство во синдикални организации како и генетски податоци,биометриски податоци,податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице. Ние не ги собираме твоите лични податоци од посебни категории,освен ако истите не се доброволно достапни или ако тоа од нас се бара со важечките прописи.
“Лични податоци за деца”-се однесува на лица на возраст под 14 години. Ние не собираме лични податоци од деца. Ние собираме лични податоци на лица над 15 години само заради користење на услугите на информатичкото општество,во согласност со член 12 од Законот за заштиа на лични податоци.
-
Принципи на обработка на лични податоци
Имај на ум,дека во секое време,при собирање,обработка и складирање на твоите лични податоци ние постапуваме на следниот начин:
А)Личните податоци ќе се обработуваат согласно со закон,во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци(законитост,правичност и транспарентност).
Б)Личните податоци ќе се собираат за конкретни,јасни и легитимни цели определени во оваа Политика за приватност и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели. Натамошната обработка за цели на архивирање од јавен интерерс,за научни или историски истажувања или за статистички цели во согласност со ченот 86 став (1) од Законот,нема да се смета дека не е во согласност со првичните цели за кои се собрани личните податоци(ограничување на целите).
В) Личните податоци ќе бидат соодветни,релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат (минимален обем на податоци).
Г) Личните податоци ќе бидат точни и каде што е потребно ажурирани,при што ќе ги преземеме сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни,имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени(точност).
Д) Личните податоци ќе се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци,не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес,за научни или историски истажувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став(1) од Законот,а со применување на соодветни технички и организациски мерки согласно со Законот,заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци(ограничување на рокот на чување).
Ѓ) Личните податоци ќе се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци,вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка,како и нивно случајно губење,уништување или оштетување,со примена на соодветни технички или организациски маржи(интегритет и доверливост).
-
Лични податои што Хојо Тек ги собира и обработува во твое име
Личните податоци што ги собираме,обработуваме и складираме се како што следува:
- Име и презиме,
- пол
- адреса на живеење/адреса за испорака на производите и достава на фактури(улица и број,поштенски број и место),
- адресата од која се подига поризводот(во случај на враќање на прозводот),
- датум и место на раѓање,
- е-маил адреса,
- број на мобилен/фиксен број,
- број на тековна сметка(во случај на враќање на производ,кога се врши поврат на тековната сметка),
- гласовни снимки кога зборуваш со нашите вработени,
- други лични податоци наведени во Политиката за колачиња достапни на платформата.
-
Начин на собирање лични податоци
Личните податоци се собираат директно од тебе,како субјект на личните податоци или од други лица.
1.Директно собирање на лични податоци од Субјектот на лични податоци
А) При купување на производи
При склучување договор за купопродажба на производи со трговец,како и за потребите на склучувањето и извршувањето на договорот(вклучувајќи испорака на производи,испорака на спецификации за нарачка,потврди за купени производи,како и други документи поврзани со купопродажниот договор),испорака на известување дека пратката е подготвена за испраќање,односно подигнување на одредена адреса/локација,достава на гарантен лист итн.должен си да ни ги доставиш следниве лични податоци кои податоци ги внесуваш при купување на производот и избирање на опцијата-Продолжи без нарачка:име и презиме,пол,адреса на живеење/адреса за испорака на стоката(улица,број на куќа,број на стан,град поштенски број),број на мобилен телефон/број на фиксен,и е-маил адреса.
Ние како посредник во договорните односи меѓу тебе и трговецот,праќаме одредени лични податоци до трговецот(име и презиме,адреса за испорака на производот,мобилен/фиксен телефонски број,додека е-маил адресата му ја откриваме на трговецот само во случај потрошувачот да го побара тоа и доколку тоа е неопходно за остварување на правата на потрошувачот во постапката за приговор и сл. И на тој начин посредуваме во склучувањето и извршувањето на договорот за купопродажба на производи помеѓу тебе и конкретниот трговец.Дополнително,откриваме одредени лични податоци(име,презиме,пол, адреса на живеење) на Банката (се работи за следниот давател на платежни услуги кој врз основа на договорот со Платформата обезбедува услуги во процесот на плаќање на Платформата и раализација на платежни трансакции -НЛБ Банка,со седиште во Скопје,ул Мајка Тереза бр. 1,Оштина Центар,ЕМБС4664531, ЕДБ 4030993191133(Банка)заради реализација на платежни трансакции,како и рефундирање средства на потрошувачот.Во таа насока,со прифаќање на оваа Политика за приватност,потрошувачот се согласува дека наведените лични податоци ќе бидат доставени до Банката,која може да обаботува лични податоци исклучиво заради извшување на платежни трансакции и ваќање на средства на потрошувачот,а заради исполнување на законските и други прописи,особено оние кои ја регулираат дејноста на давателите на платежни услуги,што вклучува обврска за известување до државни органи,проверка на клиентите од аспект на спречување на перење пари и финансирање тероризам и управување со ризик.Конечно,на курирските служби им откриваме и одредени лични податоци(име и преизиме,адреса за испрака/примање на производот,мобилен/фиксен тел.број),за да овозможиме реализација на склучениот договор за купопродажба на производи или остварување на твоите законски права(право на повлекување од договорот и враќање на производот,остварување на право врз основа на прифатен приговор и сл.)
Во случај да сакаш производот да биде испорачан на адреса кој е различна од твојата,те замолуваме да ни ги доставиш следниве Лични податоци на лицето на кое му се доставува производот:име и презиме,адреса(ул,број на куќе,број на стан,град,поштенски број,број на мобилен/фиксен број).Исто така,во случај да сакаш да добиеш подарок ваучер што можеш да го користиш при плаќање на твојата кошничка,доколку таа опција е достапна и возможна,те молиме да ни ја дадеш твојата е-маил адреса и телефонски број,кога ќе те известиме дека е можно да се регистрираш за да добиеш ваучер(подарок).Одлуката за ова е секако исклучиво твоја и во тој случај ќе сметаме дека постои твоја согласност да го испратиме ваучерот на твојата е-маил адреса. Ќе ги складираме наведените лични податоци за пет години од твојата последна активност на нашата платформа или мобилна апликацација(повеќе за Согласносноста и како да се отповика во остатокот од оваа Политика за приватност).Имај во предвид за да ти испратиме ваучер(подарок),со промотивен код на твојата е-маил адреса што ќе можеш да го користиш при купување на нашата платформа или мобилна апликација,должни сме да ја доставиме твојата е-адреса на нашиот деловен партнер.Во секој случај,нашиот деловен партнер не смее да ги користи твоте лични податоци за други цели(ако се користат за други цели,тие ќе се сметаат за независни контролори). Во случај да не ни ги дадеш наведените Лични податоци,нема да можеме да го овозможиме склучувањето и изввшувањето на договорот за купопродажба на производи со трговецот,кој вклучува издавање потребна документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања,а во врска со извршениот промет на стоки и услуги. Целта заради која ги обработуваме горенаведените Лични податоци е посредување при склучување и извршување на договорот за купопродажба на производи со трговецот.
Наведените лични податоци се чуваат во базата на податоци на Хојо Тек,пет години од твојата последна активност на платформата,како и изведената потребна документација согласно позитините прописи од областа на готовинските плаќања,а во врска со извршениот промет на стоки и услуги,кои може да ги содржат твоите лични податоци. Личните податоци се чуваат во базата на податоци на трговецот,банката и курирската служба во согласност со нивните политики за приватност. Имај во прдвид дека бројот на плаежната картичка и бројот на CVV2 или CVC не се обработени од Хојо Тек во микој случај. Б) Кога ја регистрираш твојата сметка на нашата платформа (или мобилна апликација) Во случај да сакаш да соработуваш со нас преку регистрирање на твојата сметка на нашата платформа (или мобилна апликација),можеш да го започнеш процесот на регистрација и да ја креираш твојата сметка. Затоа, за да ја регистрираш твојата сметка, потребно е да го пополниш Формулатор на регистрација, кој е достапен на нашатата платформа(или мобилна апликација). Личните податоци што ги обработуваме во овој случај се: име и презиме, пол,и-меил адреса и мобилен телефон. Секако, доколку ја избереш опцијата за внесување и зачувување на лични податоци кои се неопходни за склучување и извршување на договор за купување на производи, во тој случај податоците ќе се собираат и обработуваат во согласност со точка А( од овој дел од Политиката за приватност).
Името, презимето, полот и и-маил адреса, како лични податоци кои треба да се откријат за целите на регистрирање на твојата сметка на нашата платформа, односно мобилна апликација, се неопходни и ние ќе ги користиме исклучиво за да регистрираме сметка и да воспоставиме комуникација заради регистрирање сметка, додека и-маил адресата можеме да ја користиме и за целите на испраќање, известување за најновите производи, попусти, промоции (директен маркетинг)и за испраќање подароци(ваучери), доколку ни го дозволиш тоа, односно имеме изречна согласност од субјектот за тоа. Затоа, за целите на испраќање, известувања за најновите производи, попусти и промоции, заради испраќање подароци(ваучери), не си обврзан да ни ја откриеш твојата и-маил адреса како личен податок што ги прави предметните лични податоци опционални за наведените цели(доволно е да не го прифатиш полето за избор до кое е означено следново: Сакам да добивам известувања за најновите производи, попусти, промоции и подароци(ваучери). На овој начин ние ќе знаеме дека не си ни дал согласност за обработка на лични податоци-и-маил адреса за целите на испраќање, известување за најновите производи,попусти,промоции(директен маркетинг)и за испраќање подароци(ваучери). Имајќи го предвид горенаведеното, имај на ум дека не си обврзан да ни дозволиш да го користиме твојот и-маил за целите на испраќање,известување за најновите производи,поупусти и промоции(директен маркетинг),односно за целите на испраќање податоци(ваучери)додека тоа е за целите на регистрација на сметката (освен бројот на мобилниот телефон, кој податок не се ни открива во таа прилика.
Опционален личен податок е и датумот за раѓање. Доколку ни откриеш такви информации, ќе сметаме дека си ни дал согласност да ти испратиме роденденска честитка.
Во секој случај,формуларот за регистрација содржи известување кои лични податоци се неопходни(име и презиме,пол и и-маил адреса) и кои лични податоци можеш да ни ги откриеш,или кои се опционални и-маил адреси-заради информирање за најнови производи,попусти и промоции,односно испраќање подароци(ваучер).
Доколку не ни ги дадеш неопходните Лични податоци, нема да можеме да ја регистрираме твојата сметка. Целта за која ги обработуваме потребните лични податоци е да ја регистрираме твојата сметка на платформата или мобилната апликација и да обезбедиме соодветна помош во однос на твојата сметка.
Целта за која обработуваме опциони лични податоци е да испраќаме известувања за понуди,новости,дополнителни информцаии,тековни работи, настани и промоции што ги организираме,програми за лојалност,испраќање роденденски честитки,испраќање подароци(ваучери).Во тој случај,доколку се согласиш да ни ги откриеш личните податоци што не се неопходни, ќе се смета дека си ни дал согласност за обработка на личните податоци за наведените цели.
Потребните лични податоци се чуваат во нашата база на податоци две години од твојата последна активност на твојата сметка,додека опционалните лични податоци се чуваат додека не се отповика твојата согласност и во секој случај,тие се бришат по пет години од твојата последна активност на твојата сметка.
В)Кога ги остваруваш твоите законски права(право на повлекување од договорот и враќање на производот,право на поднесување приговори,право на откажување на нарачката итн.).
Согласно Законот за облигационите односи и Законот за заштита на потрошувачите,во случај на склучување на договор за продажба на трговец имаш различни законски права(право на откажување од договорот,право на поднесување приговор и сл).
Во овој поглед и со цел да ти овозможиме да ги оствариш твоите права и да те информираме дека го добивме твоето барање за остварување на твоите законски права,без ралкика дали си ја регистрирал твојата сметка на нашата платформа или не, треба да ги откриеме твоите лични податоци,имено:име и презиме,пол,број на мобилен/фиксен број,адреса на живеење/адреса од која се подига производот(улица и број,поштенски број и место),и-маил адреса,како и бројот на твојата тековна сметка. Во тој случај, ќе му го откриеме бројот на твојата тековна сметка на трговецот,заради враќање на средствата,како и твоето име,презиме и адреса.
Горенаведените лични податоци што ни ги откриваш заради остарување на твоите законски права ќе му бидат откриени на трговецот со цел да постапи по твоето барање(и-маил адресата му ја откриваме на трговецот само во случај потрошувачот да го побара тоа и ако потребно е остварување на правата на потрошувачот во постапката за приговори и сл. Целта поради која ги обработуваме горенаведените лични податоци е да овозможиме остварување на твоите законски права(правото да се повлечеш од договорот,право да поднесеш жалба итн) и да те известиме дека го добивме твоето барање поврзано со остварување на твоите законски права,што често вклучува враќање на стоката,односно враќање на платената цена.
Во случај да не ни ги дадеш наведените Лични податоци,нема да можеме да ти овозможиме да ги оствариш твоите законски права.
Со цел да ги оствариш твоите законски права(на пр. Повлекување од договорот и враќање на производот),ние откриваме одредени Лични податоци на курирските служби(име и презиме,адреса за испорака/прибирање ма производи,мобилен/фиксен телефонски број).
Горенаведените лични податоци се чуваат во нашата база на податоци две години од остварувањето н а твоето законско право.
Г) Кога се пријавуваш за директен маркетинг(по пат на и-меил и/или по пат на телефонски пораки,како што се СМС пораките,пораки на whatsapp,viber).
Кога се регистрираш за директен маркетинг,во делот- Остани во тек,ни даваш согласност да ја собереме и обработиме твојата и-меил адреса како и терлефонскот број(твоите лични податоци) за целите на испраќање на newsletter,можеме да ти дадеме ваучер од одредена сума (со промотивен код) и кој ќе можеш да го користиш при купување на нашата платформа или мобилна апликација за време на период на важност на ваучерот.
Целта на обработката на горенаведените Лични податоци е директен маркетинг ,односно испраќање извесувања за понуди,новости,дополнителни информации,тековни работи,настани и промоции што ги организираме,програми за лојалност,учество на наградни игри,како и за испраќање подароци(ваучери).
Навведените лични податоци се чуваат во нашата база на податоци додека не ја отповикаш твојата согласност и во секој случај се бришат по пет години од твојата последна активност на нашата платформа или мобилна апликација. Можеш да ја отповикаш тојата согласност во секое време со отповикување на согласноста на и-меилот што ти пристигна од нас,што ти овозможува да ја отопвикаш товјата согласност(отштилирај го полето за избор).Повеќе за отповикувањето во делот 7 со наслов-Правна основа за обработка на лични податоци.
Имај во предвид,за да ти испратиме ваучер(подарок) со промотивен код на твојата и-маил адреса што ќе можеш да го користиш при купување на нашата платформа или мобилна апликација,должни сме да ја доставиме твојата и-меил адреса на нашиот деловен партнер.Во секој случај,нашиот деловен партнер не смее да ги користи твоите лични податоци за други цели(ако се користат за други цели,тие ќе се сметаат за независни контролори).
Д) При вклучување во Хојо клуб
Во случај да сакаш да се вклучиш во Хојо клуб, ќе треба да се регистрираш,во тој случај ни ги откриваш следните Лични податоци – име и презиме,пол и и-меил(види повеќе за ова во точка б) При регистрирање на твојата сметка на нашата платформа,како и зачувување на платежната картичка на твојата сметка. Имај во предвид дека борјот на платежната картича и бројот CVV2 или CVC не се складирани или обработени од Хојо Тек.
Целта за која ги обработуваме наведените Лични податоци е да овозможиме вклучување во Хојо клуб (исполнување на договорните обврски) и сите поволности што ги нуди тој пакет.Исто така,ќе ја користиме и-меил адресата за исрпаќање известувања за вестите на пакет. Исто така,ќе ја користиме и-меил адреста за испраќање известувања за вестите на Хојо клуб (директен маркетинг),доколку ни дадеш согласност за оваа намена.
Горенаведените лични податоци се чуваат во нашата база на податоци се додека си вклучен во Хојо клуб, додека и-меил адресата што ја обработуваме со цел да испраќаме известувања во врска со новостите за пакетот Хојо Тек + (директен маркетинг) ја чуваме додека не ја повлечеш твојата согласност во секое време со отповикување на согласноста на и-меилот што го доби од нас,што ти овозможува да ја отповикаш твојата согласност (отштиклирај го полето за избор).Во секој случај,освен ако не ја отповикаш согласноста,и-меил адресата се брише по пет години од твојата последна активност на твојата сметка. Повеќе за отповикувањето во делот 7 со наслов- Правна основа за обработката на лични потатоци.
Ѓ) При контактирање на нашите вработени
Контактирање по телефон,по и-меил,во делот- Пиши ни, или на социјалните мрежи(Facebook,Instagram итн). Кога контактираш со нашите вработени (по телефон,по и-меил или преку социјалните мрежи) со цел да ти биде одговорено на различни прашања поврзани со производите што се нудат на нашата платформа да го провериш статусот на пратката,да обезбедиш помош во функионирањето на самата платформа или за каков било проблем или дилеми што ги имаш( на пр. Одложување на рокот за испорака на пртката,со цел да ги оствариш твоите законски права дефинирани во точка в) од оваа Политика за приватност,информации за адресата на испорака на производ во случај на враќање на производот итн,му даваш согласност на Хојо Тек да ги собере следните Лични пдатоци(во зависност од причината за контактирање)- име и презиме,пол,и-меил адреса,број на мобилен телефон/број на фиксен тел.,живеалиште,адреса за испорака на производи.
Целта на обработката на горенаведените лични податоци е да се воспостави комуникација за да се одговори на твоите барања или да се прецизира твоето барање, односно да се провери статусот на пратката, да се обезбеди помош при активирање и функционирање на самата платформа т.е. одговори на сите твои дилеми и барања(на пр. Поместување на рокот за испорака,со цел да ги остариш твоите законски права дефинирани во точка в) од оваа Политика за приватност,информации за адресата за испорака на производот во случај на враќање на производот и сл.
Дополнително,во случај да сакаш да склучиш договор за купување на производи со трговец преку нашите вработени, ве замолуваме да ги контактирате нашите вработени по телефонски пат. По тој повод, ги обработуваме сите горенаведени Лични податоци заради склучување и извршување на договор за купопопродажба на производи со трговецот. Целта на обработката на горенаведените Лични податоци е токму склучувањето и извршувањето на горенаведениот договор.
Обезбедувањето на горенаведените лични податоци е неопходен услов за воспоставување комуникација помеѓу тебе и Хојо Тек, односно за склучување на договор за продажба со трговецот со твое име и за твоја сметка. Во спротивно, нема да можеме да одговориме на твоето прашање односно нема да можеме да одговориме на твоето барање (вклучувајќи го склучуваето и извршувањето на договорот.
Исто така со цел да го подобриме функционирањето на нашата платформа и нашата услуга,како и да докажеме дека е склучен договор за купопродажба на производи со трговецот од твое име и за твоја сметка,го снимаме твојот повик,т.е. твојот глас кога разговараш со нашите вработени,во тој случај твојот глас претставува Личен податок што го собираме,обработуваме и складираме.
Горенаведените лични податоци се чуваат во нашата база на податоци додека не ја отповикаш твојата согласност,т.е. најдоцна пет години од твојата последна активност на нашата платформа (кога основата на обработката е твојата согласност) или пет години од твојата последна активност на платформата (кога основата на обработката е склучување и извршување на договор за купопродажба на производи со трговец од твое име и за твоја сметка).
В) Кога регистрираш сметка на трговец на нашата платформа(од тебе лично или од нашите вработени) Во случај да сакаш да соработуваш со нас и да ги направиш тоите производи достапни на нашата платформа треба да ја регистрираш твојата сметка. Затоа неопходно е да се пополни Формуларот за регистрација на трговец,кој е достапен на нашата платформа под името- Стани продавач.
Без оглед на тоа што може да се регистрираат само правни лица и /или претприемачи како трговци,податоците на лицата за контакт/застапници по закон ги обработуаме заради регистрација на продавницата,односно воспоставување соработка и остварување контакт/застапници по закон кои ги обработуаме во случај се следните- име и презиме,пол,назив на позиција,и-меил адреса и број на мобилен/фиксен телефон.
Во случај да не ни ги дадеш наведените Лични податоци,нема да можеме да ја регистрираме сметката или продавницата на продавачот и со тоа да започнеме со воспоставување на нашата соработка.Затоа,правен основ за обработка на наведените лични податоци е остварувањето на договорот за посредување помеѓу трговецот и нас.
Целта за која се собираат личните податоци на лицето за контакт/застапник по закон на трговецот е регистрација на продавницата на трговецот на платформата,односно острување на телефонска и и-меил комумикација,се во согласност со договорот за посредување склучен меѓу трговецот и нас.
Личните податоци на лицето за контакт/застапник по закон на трговецот ќе ги чуваме во нашата база на податоци две години од последната активност на продавачот на нашата платформа,по што ќе ги избришеме.
На крај,доколку сакаш да ја обработиме и-меил адресата на лицето за контакт/правиот застапник со цел одржување на комуникација,испраќање специјални понуди,директен маркетинг во делот -Остани во тек,покани за настани,означи го соодветото поле. Ако штиклираш,ќе сметаме дека имаме согласност да ја обработиме и-меил адресата до повлекување на согласноста,односно најдоцна 5 (пет) години од твојата последна активност на нашата платформа.
Ж) При пријавување на наш конкурс и испраќање на твојата биографија(CV)
Бидејќи ни ја испрати тојата биографија, за да аплицираш на нашиот оглас за работа или практиканска работа,ќе сметаме дека си ни дал согласност да ги обработиме доставените лични податоци за целите на евентуален ангажман и контакт во врска со евентуален ангажман.
Дополнително, доколку сметаме дека твоето CV е соодветно за работната позиција,односно ангажман во една од компаниите поврзани со нас, а од тебе сме добиле изрична согласност за тоа, можно е твојата биографија да ја препратиме до нашите поврзани лица на територијата на РСМ, кои ќе го користат твоето CV исклучиво за целите на можен ангажман и контактирање во врска со можен ангажман.
Се разбира, твојата согласност можеш да ја отповикаш во секое време со испраќање електронско барање на и-меил- support@hoyo.mk, или со испраќање електронско барање до нашиот офицер за заштита на лични податоци. Повеќе за ова во дел 7 од оваа Политика за приватност. Меѓутоа доколку не ја повелечеш согласноста, личните податоци што ги наведе во твојата работна биографија ќе ги чуваме во нашата база на податоци во период од пет години од датумот на прием на твоето CV,по што ќе ги избришеме.
Имај во предвид дека отповикувањето на согласноста не влијае на прифатливоста на обработката врз основа на согласност пред отповикувањето.
З)За време на твојата посета на нашата платформа
За време на твојата посета на нашата платформа,во одредени случаи,ги собираме и обработуваме твоите лични податоци преку колачиња.Од друга страна,има колачиња кои не ги собираат твоите лични податоци. За да дознаеш повеќе детали за горенаведеното,посети ја нашата Политика за колачиња.
2.Лични податоци доставени од други лица
Има случаи кога може да дадеш лични податоци на трети лица, на пр. За испорака на купените производи на адреса на живеалиште на трето лице,или за испорака на промотивна понуда за која мислиш дека може да биде интересна за некој што го познаваш,во тој случај ќе сметаме дека ти си овластен од такво лице за такво дејство, односно ќе сметаме дека имаш согласност за такво дејство и во никој случај нема да сносиме одговорност за обработката на Личните податоци на трето лице.
А) Најави на социјални мрежи
Може да се случи да ги откриеш твоите лични податоци на Facebook или Google,во согласност со условите за користење и политиките за приватност од страна на трети лица,и тие лица да ги пренесат личните податоци во структурирана, вообичаено користен и електронски читлива форма на нов оператор,т.е.Хојо Тек. Бидејќи тој пренос е направен од страна на трети лица, во согласност со нивните услови за користење и политики за приватност,ќе сметаме дека си дал согласност на тие лица да ни ги пренесат личните податоци. Така ние нема да бидеме одговорни за обработка на личните податоци што ни се пренесено до страна на трети лица. Понатаму, од моментот кога ќе добиеме податоци од тие лица,ние ќе се сметаме за контролор и ние сме единствено одговорни за понатамошната обаботка на Лични податоци.
Личниот податок што ни се пренесува од Facebook и Google,во согласност со нивните услови за користење и политики за приватност,е следниот и-меил адреса.
Наведените лични податоци ќе се чуваат во нашата база на податоци додека не ја отповикаш согласноста,а доколку не ја отповикаш согласноста, тие ќе бидат избришани по пет години од твојата последна активност на твојата сметка.
-
Цел на собирање и обработка на лични податоци
Целта на собирање лични податоци е
- Склучување и извршување на договори за купопродажба на производи
- Извршување на платежни трансакции
- Почитување на законските обврски на Друштвото/трговецот,односно заради остварување на твоите законски права(право на повлекување од договорот,право на приговор,право на откажување на нарачката итн.)
- Регистрација на твојата сметка на нашата платформа
- Одговарање на твоите прашања или различни барања
- Подобрување на функционирањето на нашата платформа и нашата услуга
- Испраќање известување за директен маркетинг односно специјални и персонализирани понуди,новости,актуелни настани,новости и настани што ги организираме,промоции,програми за лојалност, учество во наградни игри итн.
- Овозможување користење на пакетот Хојо клуб
- Регистрација на продавница на трговецот
- И-меил и телефонска комуникација со трговецот, по регистрација во продавницата
- Можен работен ангажман и контактирање во врска со можен работен ангажман
- Други цели дефинирани во Политиката за колачињата.
-
Правна основа за обработка на лични податоци
Во согласност со принципот на законитост, ние ги обработуваме твоите лични податоци врз основа на различни основи пропишани со закон, како што е следува:
- Твојата согласност
Твоите лични податоци добиени врз основа на твојата согласност ќе се обработуваат и чуваат во нашата база на податоци се додека постои твојата согласност, односно додека твојата согласност не биде повлечена. Можеш да ја повлечеш твојата согласност за собирање, обработка и употреба на твоите лични податоци во секое време со отповикување на согласноста на и-меилот што го доби од нас, што ти овозможува да ја отповикаш твојата согласност(отштиклирај го полето за избор), како и со електронско барање на и-меил или испраќање електронско барање до нашиот офицер за заштита на лични податоци.
- Извршување на договорните обврски
Друштвото собира лични податоци кои се неопходни за склучување и извршување на договорот за продажба помеѓу тебе и трговецот (вклучувајќи издавање сметки) и исполнување на преддоговорните обврски, во кој случај имаме основа за собирање, обработка и складирање на твоите Лични податоци. Исто така, ги исполнуваме нашите договорни обврски кон трговците или корисниците на Хојо Тек.
- Исполнување на законските обврски согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачите и Законот за облигационите односи
До степен до кој обработката на твоите лични податоци е неопходана за исполнување законските обврски на компанијата/трговецот,односно обрските дефинирани со различни закони основата за обработката на твоите лични податоци е релевантна правна регулатива.
-
Обработувачи и трети лица
Ние, исто така ги откриваме личните податоци на одредени обработувачи, т.е. лица од трети страни, нашите поврзани страни на територијата на РСМ, нашите вработени, трговците чии производи си ги купил на нашата платформа, маркетинг компании, компании за комуникациски услуги или компании за истражување на пазарот или задовлството на клиентите, даватели на ИТ услуги, државни органи. Дополнително за да овозможиме функционирање на платформата, ангажираме други компании и поединци да извршуваат закони во наше име и за наша сметка, испорака на пакети преку курир или превозник или испорака на пакети до трговци кои имаат продавница во близина на местото на испорака, испорака пошта и, и-меил, отстранување податоци што се повторуваат на списоците на потрошувачи обезбедување помош за маркетинг, центар за повици, водење евиденција на курири и следење на пратки, плаќање за купени производи/услуги со картичка, користење на услугите на давател на платежна услуга(Банка, испорака на ваучери).
Наведените трети лица имаат пристап до Личните податоци потребни за извршување на задачи за кои се ангажирани, но не смеат да го користат за други цели(ако ги користат за други цели ќе се сметаат за независни контролори.) Друштвото нема да ги стави твоите лични податоци достапни на други обработувачи-односно трети лица, освен во случаите наведени во оваа Политика за приватност.
-
Пероид на чување на личните податоци
Податоците што Друштвото ги собира врз основа на законот како правен основ, е должно да ги чува онолку долго колку што е определено со конкретен закон или друг позитивен пропис (две години од денот на остварувањето на твоите законски права, т.е. пет години од издавањето на фактурата).
Податоците што ги собира Друштвото врз основа на договорниот однос ќе ги чува се додека си корисник на Хојо клуб,односно пет години од последната активност на потрошувачот на нашата платформа.
Податоците обработени исклучиво врз основа на твоја согласност се чуваат додека согласноста не биде отповикана, односно пет години од твојата последна активност на нашата платформa (податоците од CV-то од датумот на испраќање.)
-
Права на лица во врска со обработката на лични податоци
Покрај правата веќе споменати во оваа Политика за приватност, како и другите права предвидени со Законот и други прописи во согласност со Законот, лицето на кое се однесуваат личните податоци има право:
- да побара информации дали Хојо Тек ги обработува неговите/нејзините лични податоци и да побара пристап до тие податоци
На барање на Лицето, ќе обезбедиме информации за Личните податоци на лицето обработени од нас или нашите обработувачи, во согласност со нашите упатства, за целта на обработката на личните податоци, правната основа и времетраењето на обработката,името и адресата на обработувачот и неговите активности поврзани со обработката ,околностите и влијанието врз повредата на личните податоци, како и мерките преземени за нивно отстранување, а во случај на пренос на податоци, информации на правната основа на таквиот пренос на примачот.
Ќе ти доставиме писмено изјаснување во најбрз можен рок по твоето поднесување на барањето, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Писменото изјаснување ќе биде дадено бесплатно, освен ако барањето е очигледно неосновано или претерано, а особено ако често се повторува. Во тој случај, може да ги наплатиме потребните административни трошоци за обезбедување писмено изјаснување или обработка на барањето, или може да одбиеме да го обработиме барањето.
Ние сме должни да му обезбедиме на лицето на кое се однесуваат личните податоци на негово барање, копија од личните податоци што ги обработуваме. Може да побараме надомест на потребните трошоци за правење дополнителни копии што ги бара субјектот на податоците. Доколку барањето за копија е поднесено по електронски пат, информациите се доставуваат во најчесто користена електронска форма, освен ако Лицето на кое се однесуваат податоците побарало поинакво поднесување.
- да побара исправка, дополнување или бришење на неговите/нејзините Лични податоци и право на приговор на обработката на податоците.
Субјектот на податоците има право да се исправаат неговите/нејзините неточни лични податоци без непотребно одлагање. Во зависност од целта на обработката, субјетот на податоците има право да ги пополни своите нецелосни лични податоци, што вклучува обезбедување дополнителна изјава.
Субјектот на податоците има право да побара неговите/нејзините лични податоци да бидат избришани од Хојо Тек. Доколку ја користиш мобилната апликација, можеш да го искористиш и твоето право за бришење на Лични податоци со користење на опцијата -Избриши ја твојата сметка. Во тој случај, веднаш ќе ги избришеме сите твои лични податоци, освен оние што мораме да ги чуваме одреден временски период поради законски обврски (како што е дефинирано во оваа Политика за приватност) или оние податоци што си ги открил кога се регистрираше за директен маркетинг. Секако, по истекот на законските услови, односно по користењето на опцијата да не го добиваш нашиот директен маркетинг, твоите лични податоци веднаш ќе бидат избришани.
Ние сме обврзани да ги избришеме личните податоци без непотребно одложуање, а најкасно во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, доколку:
- - Личните податоци повеќе не се неопходни за да се постигне целта за која се собрани или обработени на друг начин,
- - Лицето што ја отповикало согласноста врз основа на која е извршена обработката, а не постои друга правна основа за обработка,
- - Лицето поднело приговор за обработка,
- - Личните податоци се обработени незаконски,
- - Личните податоци мора да се избришат за да се исполнат законските обврски,
- - Личните податоци беа собрани во врска со користењето на услугите на информатичкото општество во смисла на Законот.
Ние сме должни да ги информираме сите примачи на кои им се откриени личните податоци за каква било исправка или додавање или бришење на личните податоци или ограничување на нивната обработка во согласност со Законот или барање прекумерно трошење време и ресурси. Ние сме должни да го информираме субјектот на податоци, на негово барање, за сите примачи.
- да поднесе приговор до контролорот
- правото на преносливост на личните податоци
Субјектот на личните податоци има право да ги прими личните податоци што претходно ни ги доставил во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма и има право да ги пренесе овие лични податоци на друг контролор без мешање од наша страна, доколку кумулативно се исполнети следните услови:
- обработката се заснова на согласност или врз основа на договор,
- обработката се врши автоматски ,
- да се ограничи обработката на личните податоци
Обработката на лични податоци може да биде ограничена од Хојо Тек, доколку се исполни еден од следните случаи:
- субјектот на лични податоци ја оспорува точноста на личните податоци во рокот што ни овозможува да ја провериме точноста на личните податоци,
- обработката е незаконска, а субјектот на лични податоци се противи на бришење на личните податоци и наместо бришење бара ограничување на користењето на личните податоци,
- повеќе не ни се потребни Личните податоци за да ја постигнеме целта на обработката, но субјектот на лични податоци го побарал тоа заради поднесување, остварување или одбрана на правно барање,
- лицето на кое се однесуваат податоците поднело приговор за обработка согласно член 25 став 1 од Законот, а во тек е проценка дали правниот основ за обработка од стана на контролорот ги надминува интересите на Лицето.
Доколку смета дека тоа е оправдано во однос на конкретната ситуација во која се наоѓа, Субјектот на лични податоци има право да поднесе приговор за обработката на неговите лични податоци во било кое време, во согласност со Законот.
Субјектот на лични податоци има право да не се применува врз него/неа одлука донесена исклучиво врз основа на автоматска обработка, вклучително и профилирање, доколку таа одлука произведува правни последици за тоа лице или таа одлука значително влијае на неговата положба.
Во случај да сакаш да ги оствариш твоите права, ве замолуваме да испратите и-меил до support@hoyo.mk , додека правото на бришење на Лични податоци, во случај на користење на мобилната апликација, може да се користи и со избирање на опцијата- Избриши сметка.
-
Постапка во случај на повреда на Личните податоци
Доколку повредата на личните податоци може да предизвика висок ризик за правата и слободите на лицето, ние сме должни, без непотребно одложување, да го известиме субјектот на лични податоци за повредата што настанала и се во согласност со Закон.
Во случај на повреда на личните податоци што може да предизвика ризик за правата и слободите на лицето, Друштвото е должно да ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци без непотребно одлагање или ако е можно во рок од 72 часа од сознанието за повредата по електронски пат на следниот е-маил info@privacy.mk
Известувањето доставено до надлежниот орган ги содржи сите информации согласно Законот и релевантните подзаконски акти.
-
Пренос на лични податоци надвор од територијата на РСМ
Преносот на лични податоци во друга земја или меѓународна организација, без претходно одобрение, може да се изврши доколку се утврди дека таа друга земја/меѓународна организација обезбедува соодветно ниво на заштита, односно соодветни заштитни мерки, на личните податоци согласно чл. 50 од Законот за заштита на личните податоци или пак, истата е земја-членка на Европската Унија или Европскиот економски простор.
Правните лица на кои компанијата им пренесува лични податоци користат јавен облак(Cloud)сервер Digital Ocean лоцирани на територијата на Сојузна Република Германија и Соединетите Американски Држави. Дел од земјите се членки на Европската Унија со што преносот на лични податоци на територијата на истите е согласно Законот за заштита на личните податоци и истиот е непречен, истото важи и за земјите надвор од Европската Унија.
-
Линкови до веб-страници и услуги на трети страни
Нашата платформа може да содржи линкови до веб-локации на трети страни (Банка). Имај во предвид дека ние не сме одговорни за собирање, користење, одржување, споделување или откривање податоци од трети страни. Доколку обезбедиш информации за веб-локации на трети стани и ги користиш тие веб-локации, ќе важат политиките за приватност и условите за користење на тие трети стани. Ти препорачуваме да ги прочиташ политиките за приватност на веб-локациите што ги посетуваш пред да испратиш лични информации.
Со кликнување на нашата спонзорирана реклама на Фејсбук или Инстаграм, ја прифаќаш можноста податоците за твојата посета на нашата платформа да бидат обработени од гореспоменатите социјални мрежи доколку имаш сметка на нив. За да ја избегнеш оваа ситуација, ве советуваме прво да се одјавите од вашите кориснички сметки од овие социјални мрежи и дури потоа да кликнете на врската на нашата платформа за да ја посетите нашата платформа на една од споменатите социјални мрежи.
-
Доверливост на личните податоци и транспарентност
Твоите лични податоци ќе се третираат како доверливи информации и Ние ќе преземеме соодветни неопходни мерки за да ги заштитиме во согласност со Законот. Пристап до нив ќе имаат само лица кои имајќи го предвид описот на работата што ја вршат, треба да се запознаени со твоите лични податоци и само до степенот неопходен за извршување на нивната работа.
Оваа Политика за приватност е достапна на нашата платформа. Доколку одлучиме да ја промениме нашата Политика за приватност, промените ќе бидат објавени и објавени на нашата платформа.
Доколку имаш прашања или барање во врска со обработката на твоите лични податоци слободно контактирај не 24/7 на и-меил support@hoyo.mk или со испраќање електронско барање до нашиот офицер за заштита на лични податоци.
Имај во предвид дека за да ти испратиме ваучер(подарок),со промотивен код на твојата и-меил адреса што ќе можеш да ја користиш при купувањето на нашата платформа или мобилна апликација, должни сме да ја доставиме твојата и-меил адреса на нашиот деловен партнер. Во секој случај, нашиот деловен партнер не смее да ги користи твоите лични податоци за други цели(ако се користат за други цели, тие ќе се сметаат за независни контролори.
Хојо Тек, Јули 2024 година