Hoyo Home
Payment and Delivery
Испорака на производи и начин на плаќање
Доставата се врши секој работен ден од 8 до 17 часот и истата вклучува достава до адреса. Целиот процес на испорака на производи е транспарентен односно ќе добиеш информации кога плаќањето е успешно завршено и кога пакетот е на пат до избраната адреса.
Кога станува збор за испорака на пакети со тежина поголема од 30 кг, без разлика дали се испорачуваат од магацинот на Хојо Тек, можни се отстапувања од наведените услови за испорака, односно рокот на испорака може да биде подолг од утврдениот.
Го поедноставивме и враќањето на робата. Имаш право да поднесеш жалба преку страницата за нарачки и поплаки или преку контакт формата на страницата за поддршка на корисници. Може да се јавиш на контакт телефонот 072 212 886
Дури и ако сакаш само да го вратиш производот од која било причина, тоа можеш да го направиш најдоцна во рок од 14 дена од денот на испораката на твојата нарачка. Единствениот услов е производот да не се користи односно да не биде отпакуван, извадени сите заштитни пломби и да не биде користен. Во овој случај, ти ги сносиш само трошоците за враќање на производите.
Повеќе информации можеш да најдеш овде, а достапни се и Општите услови за купување.
Безбедност и начин на плаќање
Сите лични податоци што ги оставаш на Хојо Тек Платформата се заштитени со најсовремениот водечки безбедносен протокол. При внесување на податоци за платежната картичка, доверливите информации се пренусуваат преку јавна мрежа во заштитена(шифрирана)форма со помош на протоколот SSL и системот PKI, моментално најсовремената криптографска технологија достапна на пазарот.
Производите што ги нарачуваш можеш да ги платиш со картичка (Visa, MasterCards и Diners club) или во готово при доставата на твојата адреса.
Информациите за платежните картички се чуваат на безбедна и заштитена страница во шифрирана форма и не се достапни за другите страни во процесот на плаќање.
Информациите за картичката никогаш не се достапни за Платформата, вклучуваќи ја и ситуацијата кога регистрираниот корисник ќе ја зачувува користената платежна картичка на неговата корисничка сметка на Платформата. По издавањето на фактурата за нарачаните производи, средствата ќе бидат повлечени од картичката на потрошувачот, а дотогаш истите ќе бидат само резервирани.