Hoyo Home
Instructions for online shopping
Инструкции за онлајн купување
Ако го читаш ова, значи дека си на вистинското место на платформата Хојо Tек, каде што можеш да најдеш смарт хоум уреди и да се вивнеш во светот на најсовремената технологија во модерното живеење.
Купувај онлајн, директно на веб-страницата или преку телефон, со помош на агентите од нашиот контакт центар.
Што се однесува до изборот на производи, целосно на тебе останува да (до) знаеш што сакаш. Дури и ако не си сигурен што сакаш, дефинитивно нашата понуда на производи ќе ти помогне во донесување на твојата крајна одлука.
Кога ќе го најдеш производот, треба да кликнеш на портокаловото копче Додај во кошничка. После тоа, десно ќе се отвори прозорец со преглед на твојата кошничка. Важно е да ја провериш содржината на кошничката пред да продолжиш. Ако се е во ред, кликни на жолтото копче Продолжи со плаќање.
Пред да платиш, треба да ги внесеш следниве податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил адреса, поштенски број, град, улица, број на улица, број на стан и дополнителен коментар доколку имаш.
Предноста на регистрирање на платформата е што ја внесуваш оваа информација само еднаш. На овој начин секое твое следно купување ќе биде побрзо и полесно. Се разбира, можеш да го завршиш купувањето дури и ако не си регистриран корисник.
Откако ќе ги внесеш податоците, треба да избереш начин на плаќање. Плаќањето може да се изврши со платежна картичка (Visa, MasterCard) или во готовина при достава.
Доколку избереш да платиш со картичка, треба да ги внесеш информациите од платежната картичка: име на сопственикот на картичката, број на картичката, CVV (последните три броја на задната страна на картичката), и датумот на истекување на картичката на веб страна, која е безбедна и заштитена во шифрирана форма.
Последниот чекор што те дели од купување е кликнување на копчето “Заврши со купување”.
За кратко ќе добиеш е-маил за потврда со деталите за нарачката. Доколку си регистриран корисник, во секое време можеш да го провериш статусот на твојата нарачка на линкот што ќе го добиеш на и-маил или на твојот кориснички профил во делот “Нарачки и приговори”.
Купувањето може да се изврши и преку телефон со помош на агенти од нашиот центар за корисници. Бројот на центарот за клиенти е 072 212 886.
Сигурни сме дека ќе уживаш во шопингот!
Хојо Тек, Јули 2024 година