Hoyo Home
Cookie Policy
Политика за Колачиња
Хојо Тек, ДОО Струга, со ЕМБС 7296665, со седиште на ул.15-ти Корпус бр.28,Струга, со е-маил support@hoyo.mk , ја почитуваме твојата приватност и го цениме односот што го имаме со тебе.
Како и многу компании, ние користиме технологија на нашата платформа Хојо Тек (во натамошниот текст-Платформа), врз основа на која добиваме податоци кои ни помагаат да го подобриме твоето искуство и нашите производи и услуги.
Колачињата (во натамошниот текст-Колачиња), што ги користиме, овозможуваат нашата платформа да функционира и ни помагаат да разбереме кои информации и реклами се најкорисни за тебе, како наш посетител и наш корисник.
Што се колачиња и како се собираат?
Колачињата, ознаките за пиксели и слични технологии се датотеки со мали количини на информации што се преземаат од кој било уред со овозможен интернет-како што е твојот компјутер, паметен телефон или таблет-кога ја посетуваш веб-страницата. Колачињата потоа се испраќаат назад до веб-локацијата од која потекнуваат при секоја следна посета или на друга бев-локација што го препознава тоа колаче. Колачињата извршуваат многу различни и корисни работи, како на пример- помнење на вашите преференци, генерално подобрување на товето онлајн искуство и ни помагаат да ги понудиме најдобрите производи и услуги. Постојат многу видови колачиња. Сите тие функционираат на ист начин но исто така се различни. За колачињата кои можеш да ги најдеш на нашата платформа, погледни го соодветниот дел подолу.
Зошто собираме колачиња?
Ние користиме колачиња кога корисникот ја користи нашата платформа. Колачињата ни кажуваат кои страници ги посетуваш и колку често. Ние ги користиме тие информации за да ја зголемиме корисноста на нашата платформа, првенствено од технички причини, како што е подобрата навигација на страницата. Покрај тоа, ние користиме додатоци за интернет страници кои складираат податоци во твојот локален прелистувач за подобро да ја разбереме аналитиката на интернет страницата. Овие податоци се бришат кога ќе го затвориш твојот прелистувач.
Нашата платформа исто така користи колачиња за управување со програми за рекламирање преку Интернет. Колачињата го следат твојот прелистувач така што секогаш ќе бидеш препознаен кога ќе пристапиш на други интернет страници. Нашиот систем за управување со рекламирање го дозволува користењето на овие датотеки со пиксели и колачиња за да ни обезбеди информации за рекламирање кога ќе пристапиш на нашата интернет страница. Исто така, користиме датотеки со пиксели за да одредиме кога имаме промотивна понуда и други интеракции поврзани со таа промотивна понуда, на пример, кога ќе кликнеш на понудениот линк. Овие датотеки со пиксели обично важат одреден број денови и се овозможени од нашиот давател на управување со реклами.
Ние анализираме како се користи Платформата и колку е посетена ( на пример, нашата Платформа може да содржи софтвер за мерење кој е во наша сопственост, а кој ќе ни овозможи да придонесеме за истражувања на пазарот). За време на твојата посета на нашата интернет страница некои од колачињата ќе бидат насочени кон колачиња за да можеме да видиме какви видови интернет страници те интересираат. После тоа, можеме да пласираме реклами на твојот интернет прелистувач што се засноваат на твоите интереси. На пример, ако читаш многу за новитети во дигиталната технологија ќе ти прикажуваме реклами за производи од сверата на дигиталната технологија.
Колачињата дополнително ни овозможуваат да избираме реклами или понуди кои најверојатно ќе ти се допаднат да ти ги прикажуваме додека користиш онлајн услуги или да ти испраќаме маркетинг пораки. Ние, исто така користиме колачиња за да ги следиме одговорите на онлајн рекламите и маркетинг пораките. Колачињата ни помагаат да ти покажеме реклама која ќе ти биде интересна, како и да контролираме колку пати ја гледаш и да ја измериме ефективноста на нашата рекламна кампања.
Ние, исто така, користиме колачиња за собирање анонимни, збирни статистички податоци што ни овозможуваат да разбереме како луѓето ја користат нашата платформа и ни помагаат да ја подобриме структурата и содржината на платформата, а исто така ни помагаат да ја измериме ефективноста на нашите рекламни кампањи и кампањите на надворешните веб-страници.
Кој собира колачиња?
Во зависност од содржината, колачињата може да бидат поставени од нас (како што е дефинирано во Политиката за приватност) или од стана на трети лица.
- Колачиња поставени од Хојо Тек
Тоа се колачиња што ги поставуваме на нашата платформа, на која си моментално, и кои ги користиш кога ја прелистувач нашата платформа.
- Колачиња на трети лица
Нашата платформа може да се состои од одредени содржини кои потекнуваат од други сајтови (на пр.Facebook, You tube, Instagram) при што тие други сајтови може да постават одредени колачиња на нашата платформа. Тоа се колачиња кои не се поставени од наша страна како сопственик на платформата.
Преку овие колачиња, третите лица кои ги поставиле можат да добијат информации за твоето однесување на нашата платформа. Ако не сакаш да ги прифатиш колачињата на трети лица, можеш да го одбиеш пристапот до нив со одбивање согласност преку нашата алатка за управување со колачиња или со поднесување на поставките на твојот интернет прелистувач.
Кои видови на колачиња ги има на нашата страница?
- Строго неопходни колачиња
Овие колачиња се од суштинско значење за правилно функционирање на нашата платформа. Тие ти овозможуваат да ги користиш сите функции на нашата платформа, како и да ги посетиш сите содржини. Иако овие колачиња собираат одредени податоци од твојот компјутер, тие не се за да те идентификуваат како поединец, односно за да ти овозможат да ја користиш нашата платформа.
Во случај да не ги прифатиш овие колачиња, можеби нема да можеш да ја користиш нашата платформа или пристапот до одредени содржини и функции може да ти биде оневозможен.
Период на чување-Трајно
Провајдер Хојо Тек
Тип-Локално складирање
- REGISTER_EMAIL_STORAGE_KEY - се користи за време на процесот на регистрација. Колачето не ги чува личните податоци на корисникот.
- L_E_U- се користи за складирање на URL-то од кое корисникот го иницирал најавувањето на платформата за да го врати на таа страница по успешното најавување. Колачето не ги чува личните податоци на корисникот.
- FORGOT_EMAIL_STORAGE_KEY_ се користи за време на процесот-“Заборавена лозинка”. Колачето не ги чува личните податоци на корисникот.
Целта на овие колачиња е да ги запомнат информациите што веќе ги имаш внесено (како што се-корисничко име, избор на јазик на платформата, големина на фонтот), со цел да ти овозможат унапредено и подобро функционирање на нашата платформа. Функционалните колачиња служат и за овозможување одредени функции на платформата, како што е репродукција на видео записи, кои се изведуваат исклучиво на твое барање. Овие колачиња може да содржат лични информации што ги имаш оставено на нашата платформа.
Ако не ги прифатиш овие колачиња, тоа може да влијае на перформансите и функционалноста на платформата и може да го ограничи пристапот до содржината на платформата.
Колачиња за изведба
Период на чување-6 месеци
Провајдер-Google
Тип-колачиња
1P_JAR<NID…Група колачиња што автоматски ги конфигурира Google и генерира единствен идентификатор за корисникот со цел да ги следи стандардните поставки на корисникот, статистиката на веб-локацијата и други информации.
Колачињата за изведба, познати и како аналитички колачиња, се користат за собирање информации за тоа како ја користиш нашата платформа, вклучувајќи податоци за тоа колку често ја посетуваш нашата платформа, на кои страници често одиш, колку време поминуваш на нашата платформа итн. Овие колачиња се користат исклучиво за да се подобрат перформансите на нашата платформа и да ти овозможат подобро корисничко искуство. Колачињата за изведба не служат за да те идентификуваат како поединец туку да го подобрат функционирањето на нашата платформа.
Доколку не ги прифатиш овие колачиња, тоа може да го оневозможи пристапот до одредени содржини на нашата платформа, како и да влијае на одредени перформанси и функционалност на нашата платформа.
Колачиња за аналитика
Целни колачиња
Период на чување
- 2 години
- 24 часа
- 2 години
- 1 минута
Провајдер-Google
Тип- Колачиња
- -_ga-се користи за разликување на корисниците.
- -_gid- се користи за разликување на корисниците.
- -_ga_GWYJNDM8L2-се користи за зачувување на состојбата на корисникот.
- -_dc_gtm_UA_204319509-2-се користи за контрола на процентот на барања кои доаѓаат на платформата.
Целта на овие колачиња е да ти се стави на располагање одредена содржина што е релевантна за тебе и твоите интереси. Врз основа на овие колачиња, се врши таргетирано рекламирање, односно ти се овозможува да гледаш реклами што може да бидат соодветни во согласност со твоите интереси. Овие колачиња паметат кои производи достапни на нашата платформа си ги прегледувал, колку пати си гледал одреден производ или тип на производ и овие информации се споделуваат со трети страни (рекламни и маркетинг агенции). Меѓу другото, целта на овие колачиња е да спречат повторно да ти се прикажуваат истите реклами. Овие колачиња собираат лични податоци со собирање информации за IP адресата или идентитетот на уредот на корисникот.
Доколку не ги прифатиш овие колачиња, тоа може да влијае на функционалноста на одредена содржина на нашата платформа. Исто така, во случај да не ги прифатиш овие колачиња, нема да влијае на тоа рекламите да се појавуваат поретко, туку само дека рекламите нема да бидат прилагодени на твоите интереси.
-Колачиња за објавување
Период на чување
3 месеци(тоа го одредува формата за објавување)
90 дена(тоа го одредува формата за објавување,Facebook)
Провајдер-Google,Facebook
Тип-Колачиња
- aw- следење на перформансите на рекламирањето на платформата Google Ads , преку поврзување на линковите на рекламата со активностите на веб-страницата
- fbp-следење на посетители на веб-локација и поврзување со профил на Facebook и однесување на интернет
- fbc-следење на посетители на веб-локација и поврзување со профил на Facebook и однесување на интернет.
Списокот на споменатите колачиња не е конечен и непроменлив, и истиот може да се менува кога е неопходно да се подобри функционалноста на нашата платформа и да се обезбеди подобро корисничко искуство на сите посетители на нашата платформа. Според тоа, укажување редовно проверувај ја листата на активни колачиња на нашата платформа која може да се најде во Политиката за колачиња. Како се контролираат и бришат колачињата?
Колачињата поставени на нашата платформа само по себе не се смеат за прифатени па ако сакаш да ги оневозможиш или избришеш, прво мора изречно да ги прифатиш преку алатката за управување со колачиња кога ќе ти биде прикажана при првата посета на нашата платформа.
Оневозможувaње колачиња преку нашата алатка за управување со колачиња
При твојата прва посета на нашата платформа, ќе ти се појави образец кој ти овозможува да избереш кои колачиња ќе ги овозможиш и прифатиш, па индиректно ќе одлучиш кои лични податоци ќе ги откриеш на тој начин. Освен неопходните колачиња, кои се однапред штиклирани како прифатени и не можат да се исклучат, мора изрично да ги одобриш сите други видови колачиња со штиклирање на полето пред нив. Доколку не ги одобриш изричнo ќе се смета дека не си ги прифатил.
Оневозможување преку поставките на твојот интернет прeлистувач
Повеќето интернет прелистувачи се поставени автоматски да прифаќаат колачиња. Ако не сакаш нашата платформа да складира колачиња на твојот уред, можеш да ги промениш поставките на твојот прелистувач за да добиеш предупредување пред да се зачуваат одредени колачиња. Можеш исто така да поставиш твојот прелистувач да ги отфрла повеќето од нашите колачиња или само одредени колачиња од трета страна. Дополнително, можеш да ја повлечеш согласноста за колачиња со бришење на колачиња кои веќе се зачувани.
Во случај да користиш различни уреди за пристап до нашата платформа(вклучувајќи различни типови уреди како телефон, таблет, лаптоп компјутер), неопходно е да извршиш подесување на твоите прелистувачи на сите овие уреди.
Информации за тоа како да ги промениш поставките за колачиња можеш да најдеш во делот “Помош” на прелистувачот што активно го користиш за пристап до нашата платформа.
За да ти помогнеме полесно да се снајдеш со кликнување на името на прелистувачот што го користиш, ќе бидеш упатен до упатство за користење на управување со колачиња на тој прелистувач:
- Microsoft Edge
- Mozilla Firefox
- Google Chrome
- Safari
- Opera
Хојо Тек, Јули 2024 година